На четвртиот ден од 7-та Глобална платформа за намалување на ризикот од катастрофи која се одржа на 26.05.2022 година, Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Петров беше дел од сесиите на кои се дискутираше за менување на пристапот во размислувањето и можностите за финансирање со цел намалување на ризикот од катастрофи.
На денешната агенда на дневен ред беа ставени прашања поврзани со инклузивното и отпорно закрепнување, но и предизвиците поврзани со собирањето податоци и решенија за управување со ризикот од катастрофи.
Едно од позначајните теми кое беа поттикнати се однесуваше и на зајакнување на владеењето за да се намали раселувањето како резултат на катастрофи, како и важноста од подготовка на стратегии во овој домен.