Свеченото затворање на седмата сесија на Глобалната платформа за намалување на ризици од катастрофи

Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи, г-дин Зоран Петров на 27.05.2022 година (петок) присуствуваше на свеченото затворање на седмата сесија на Глобалната платформа за намалување на ризици од катастрофи.

На последниот ден од конференцијата се споделија регионални искуства за нивната улога во подготвеноста и одговорот при катастрофи, како и за предвидувањата засновани на антиципативно дејство и влијание.

Дополнително, беше отворена дебата и за подобрување на разбирањето и управувањето со ризикот од катастрофи во хуманитарен контекст, но и за прашања поврзани со родовата еднаквост, попреченост и социјалното вклучување во антиципативна акција за намалување на ризикот од катастрофи.

Особен интерес предизвикаа сесиите поврзани со вградувањето на ризикот во инвестициските одлуки, инвестирањето базирано на стратешко предвидување за да се изгради отпорност и заедничката акција за намалување на катастрофите поврзани со климатските промени.

Официјалниот дел од Глобалната платформа за намалување на ризици од катастрофи беше затворен со најавата за одржување на осмата Глобална платформа кој е закажан за Женева, Швајцарија во 2025 година.

АКТУЕЛНОСТИ: