Учество на сесии на 7-та Глобална платформа за намалување на ризикот од катастрофи

На четвртиот ден од 7-та Глобална платформа за намалување на ризикот од катастрофи која се одржа на 26.05.2022 година, Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Петров беше дел од сесиите на кои се дискутираше за менување на пристапот во размислувањето и можностите за финансирање со цел намалување на ризикот од катастрофи.

На денешната агенда на дневен ред беа ставени прашања поврзани со инклузивното и отпорно закрепнување, но и предизвиците поврзани со собирањето податоци и решенија за управување со ризикот од катастрофи.

Едно од позначајните теми кое беа поттикнати се однесуваше и на зајакнување на владеењето за да се намали раселувањето како резултат на катастрофи, како и важноста од подготовка на стратегии во овој домен.

На сесиите важност се оддаде и на решенијата базирани на Сендаи рамката за акција, градењето на отпорност преку закрепнување, иновативните решенија за DRR и адаптација на климатските промени и операционалазација на Сендаи рамката за акција.

Во рамки на вториот дел од официјалниот почеток на 7-та Глобална платформа за намалување на ризикот од катастрофи беа одржани и лаборатории за:

• Онлајн платформата за исполнување на обврските кои произлегуваат од Сендаи рамката за акција,

• Пресметување на загубите од катастрофи и

• Можностите за заедничка анализа на ризиците.

 

АКТУЕЛНОСТИ: