Свечено отворање на 7-та Глобална платформа за намалување на ризици од катастрофи

Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Петров на ден 25.05.2022 година (среда) присуствуваше на свеченото отворање на официјалниот дел од седмата сесија на Глобалната платформа за намалување на ризици од катастрофи.

На свеченото отворање свои обраќања имаа Н.Е Мами Мизутори, специјален претставник на Генералниот секретар за намалување на ризици од катастрофи во Канцеларијата на Обединетите нации за намалување на ризикот од катастрофи, н.Е Амина Мохамед, заменик Генерален секретар на Обединетите нации, Н. E Абдула Шахид, претседател на Генералното собрание на Обединетите нации и Н.Е Џоко Видодо, Претседател на Индонезија.

Официјалната програма вклучуваше обраќања поврзани со глобалните и регионални перспективи за спроведување на Сендаи рамката за акција, како и презентациј на Извештајот за глобална проценка за 2022 година.

Во рамки на програмата активни беа неколку лаборатории за учење и тоа:

• Лабораторија за усвојување на SFDRR, IASC и HIS во националната наставна програма за инклузивно намалување на ризикот од катастрофи,

• Лабораторија за цената која ја плаќаме за непреземање дејства и сценарија за инвестирање во отпорност,

• Лабораторија за Сендаи системот за следење и

• Лаборатории за зголемување на успехот и коростење на технологијата за брзи, точни и ефтини проценки на штетите по катастрофи.

На денешните сесии се дебатираше за прашања поврзани со градење подобра иднина и инвестирање во отпорна инфраструктура за сите, подобрување на инфраструктурата за финансирање на ризици од катастрофи, решавање на загубите и штетите, поддршка на најранливите и зајакнување на управувањето со катастрофи и климатски ризик на национално и локално ниво.

АКТУЕЛНОСТИ: