Подготвителни настани на 7-та Глобална платформа за намалување на ризици од катастрофи

На денешната сесија на 7-та Глобална платформа за намалување на ризици од катастрофи на кој активно учество зема и Националниот координатор имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Петров се дискутираше за јавно- приватниот ангажман за рано предупредување, подготвеноста, раната акција и антиципативното дејство.

На практичниот настан беа презентирани иновации од следната генерација на системи за рано предвидување и предупредување.

Следуваше пленарна сесија на WRC5 за преиспитување на моделите на управување при закрепнување, планирање и управување со закрепнување од сложени и меѓусебно поврзани настани предизвикани од катастрофи.

На попладневните технички сесии се дебатираше за антиципативно финансирање за да се одговори на потребите за закрепнување, институционални аранжмани за управување со сложени кризи и проценка на закрепнувањето во сложени и меѓусебно поврзани настани од катастрофи.

Во рамки на вториот подготвителен ден беше одржан и состанок на Националните фокусни точки од Европа и Азија на кој накратко се презентираа главните компоненти и резултатите од Глобалната платформа за намалување на ризикот од катастрофи за 2022 година.

Направен беше и среднорочен преглед на SFDRR, а се поразговара и за предизвиците во процесот на ажурирање на процесите на MTR што ги спроведуваат земјите-членки.

Презентацијата даде можност земјите членки да се запознаат со наодите од извештајот за 2022 година на Центарот за следење внатрешно раселување и главните трендови и приоритети во однос на лицата раселени од катастрофи

АКТУЕЛНОСТИ: