Учество на 7-та Глобална платформа за намалување на ризици од катастрофи

Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Петров, од 23-28 мај учествува на 7-та Глобална платформа за намалување на ризици од катастрофи.

На првиот ден од подготвителната сесија ќе се дискутира за состојбата на системите за рано предупредување, напредокот на целта G кој се однесува на пристапот за рано предупредување, а воедно предвидено е да се направи и преглед на среднорочниот план на Сендаи рамката за акција.

Во попладневните технички сесии ќе се дадат прогнози засновани на влијанието и финансирањето засновано на прогнозите.

Една од позначајните теми за која е предвиден дебата е социјалното, инфраструктурното и економско закрепнување од катастрофи и можностите за ресетирање на развојниот пат кон позелена и поотпорна иднина. Обраќања ќе има за обновување на критичната инфраструктура, одговарање на предизвиците за обновување во урбаните средини и приоритетите за опоравување на целото општество и зајакнување на здравствениот систем.

АКТУЕЛНОСТИ: