Учество на Глобалната консултација за принципите за отпорна инфраструктура

На ден 29.03.2022 година (вторник) од 15:30- 19:30 часот се одржа Глобална консултација за принципите за отпорна инфраструктура во организација на Канцеларијата на ОН за намалување на ризици од катастрофи преку интернет апликацијата ZOOM.

Поздравно обраќање на состанокот имаше Хамад Отман Ел Деими, генерален директор за цивилна одбрана, Министерство за внатрешни работи - Влада на Катар, а обраќања имаа и Рикардо Мена, директор и UNDRR Октавијан Бивол, шеф на регионалната канцеларија за Европа и Централна Азија.

Абилаш Панда, заменик-шеф, меѓувладини процеси, меѓуагенциска соработка и партнерства, UNDRR имаше своја презентација за принципите на отпорната инфраструктура, а Проф. Елизабет Варга, професорка по сложени системи, раководителка на Институтот за инфраструктурни системи на UCL говореше за повратните информации, принципите и клучните дејства - фокусирани на P1, P2, P3. Суџит Моханти, шеф на регионалната канцеларија за арапските држависе осврна на следните чекори кои треба да бидат преземени, додека пак Абилаш Панда, заменик началник, меѓувладини процеси, меѓуагенциска соработка и партнерства и Паола Албрито, шеф, меѓувладини процеси се осврнаа на меѓуагенциската соработка и партнерства.

Беше донесен заклучок за усвојување на принципите на отпорната инфраструктура и тоа:

 

Принцип 1- Адаптивно трансформирање

Целта е да се прилагоди и трансформира на променливите потреби.

Клучни активности:

- Дизајнирање безбедна инфраструктура

- Создавање адаптивен капацитет

- Развивање динамични структури

- Овозможување на проширување

- Дозвола за човечка дискреција

- Прифаќање на соодветното ниво на сложеност

 

Принцип 2- Еколошка интеграција

Целта е да се работи на позитивно интегриран начин со природната средина.

Клучни активности:

- Користење на решенија засновани на природата

- Интегрирање на информации за екосистемот

- Минимизирање на еколошката штета

- Одржување на природната средина

 

Принцип 3- Заштитен со дизајн

Целта е да се дизајнира инфраструктура која е подготвена за опасности.

Клучни активности:

- Подигнување на основните безбедносни барања

- Надминување на влијанието од околината

- Сложени меѓузависности на поврзаните мрежи

- Вметнување на управување во итни случаи

- Користење на локални одржливи ресурси

- Дизајн

- Одржување

 

Принцип 4- Социјално ангажирани

Целта е да се развие активен ангажман, вклученост и учество на луѓето.

Клучни активности:

- Информирање на луѓето за можни пречки

- Подигнување на информираноста за отпорност

- Стимулирање на побарувачката

- Поттикнување на учество на заедницата

 

Принцип 5- Поделена одговорност

Целта е да се споделат информации и експертиза за координирани придобивки.

Клучни активности:

- Усогласување на отворените стандарди

- Негување на заедничко управување

- Воспоставување на заеднички одговорности

- Подобрување на поврзаноста за споделување информации

- Обезбедување на податоци за развивање на доверба

- Споделување информации за ризик и враќање

 

Принцип 6- Континуирано учење

Целта е да се развие разбирање и увид во отпорноста на инфраструктурата.

Клучни активности:

- Потврда на претпоставките

- Набљудување и соодветна интервенција

- Анализа и учење

- Стрес- тест

АКТУЕЛНОСТИ: