Учество на Националната конференција за „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“

На 28.09.2021 година (вторник), Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување за ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Петров се обрати на Националната конференција за „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“, во организација на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

На настанот, Националниот координатор истакна дека не може да се зборува за намалување на ранливоста на една општествено маргинализирана категорија граѓани, доколку не се разбере што претставува ризикот од катастрофи, доколку не воспоставиме добри практики, проценка на ризиците и, пред сé, доколку не се подобри образованието и едукацијата на овој план. Доколку не се подобри образованието, здравствената заштита, стандардите за градба на живеалишта, а пред сé, социо-економската состојба на Ромите, кои за жал, не се единствената ранлива група во државата, видливи резултати не може да се очекуваат.

Тој воедно нагласи дека во поглед на превентивата, во поглед на вложувањата во намалувањето на ризици од катастрофи, во поглед на организацијата, координацијата и опременоста, во поглед на информираноста и едукацијата за климатските промени и нивното влијание врз природните непогоди и несреќи, сите ние сме повеќе или помалку ранлива група, но она што влева надеж е фактот дека Република Северна Македонија е во фаза на редефинирање и реформирање на системот за справување со кризи, а во таа насока беше и тематскиот состанок на Советот за безбедност одржан кај претседателот на Државата пред две недели. Евидентирани и идентификувани се низа слабости во овој сегмент, особено преку пандемијата од Ковид-19 и неодамнешните пожари на отворен простор кои ја зафатија земјата.

Паралелно со тоа, Владата на Република Северна Македонија формираше експертски тим за координација на програмите за странска помош и користење на меѓународните фондови наменети за зголемување на капацитетот на општеството за справување со кризи.

И конечно, во јули оваа година, Владата го усвои првиот тригодишен Акциски план за намалување ризици од катастрофи, кој претставува сублимат на сите проекти на субјектите на системот за кризи, со дефинирање на активностите, носителите и роковите за нивна имплементација.

На крајот од своето обраќање тој изрази лично уверување и надеж дека некои работи ќе почнат да се движат на подобро.

АКТУЕЛНОСТИ: