Состанок на Националниот координатор Зоран Петров со директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов

19.04.2021 година

На ден 19.04.2021 година (понеделник), во Центарот за управување со кризи, Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Петров и Елена Зарковска, соработник за нормативни прашања во Генералниот секретаријат одржаа координативен состанок со г-дин Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита придружуван од своите соработници Гавро Марковски, Стевко Стефановски и Драги Тарчуговски.

На состанокот се дискутираше за тековните активности на Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија во однос на обврските кои произлегуваат од Канцеларијата на ООН за намалување на ризици од катастрофи за пополнување на податоци во електронската база на Сендаи рамката за мониторинг, како и за подготовката на Акцискиот план за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија.

Националниот координатор за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Петров уште еднаш ја нагласи потребата од кооперативност и соработка од страна на Центарот за управување со кризи, а во согласност со заклучоци произлезени од седници на Владата и обврските кои произлегуваат од меѓународните договори.

Центарот за управување со кризи изрази подготвеност во утврдениот рок и во делокругот на овластувањата и надлежностите, како и во согласност со нивните програмски планови и приоритети да одговори на обврските и за тоа да го информира Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија.

АКТУЕЛНОСТИ: