Учество на Националниот координатор на конференција на тема “Подобрен капацитет за превенција на несреќи и управување со кризи на локално ниво"

26.03.2021 година

Почитувани,

Националниот координатор за имплементација на знационалната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Петров на 25.03.2021 година (четврток) учествуваше на конференцијата организирана од страна на. Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) на тема „Подобрен капацитет за превенција на несреќи и управување со кризи на локално ниво“. Конференцијата е посветена на локалните капацитети за управување со кризи во Република Северна Македонија.

Целта на оваа конференција е поттикнување на дискусија за системот за управување со кризи, можностите за соработка и меѓусебна поддршка на органите на национално и локално ниво, како и претставување на процесот на изработка на локални стратешки планови за намалување на ризиците од несреќи и катастрофи на осум избрани единици на локалната самоуправа.

Настанот е во рамки на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија“ кој Институт за демократија го спроведува со поддршка од Обединетото Кралство, преку Британската Амбасада во Скопје. 

Проектот цели кон зајакнување на стратешкото управување со кризи во осум избрани општини и прикажување на процесот на развој на локални стратешки планови за намалување на ризиците од несреќи и катастрофи.

Националниот координатор за имплементација на знационалната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Петров истакна дека оваа конференција е добра прилика да се актуелизираат темите за градење на отпорност и подготовеност на општините за спречување и намалување на ризикот од катастрофи, преку вклучување на истражувачи и професионалци кои работат во оваа област, да се зајакне институционалната соработка и ултимативно да се  подигне општата свест за процесите кои се поврзани со ризиците од катастрофи.

Негова заложба останува јакнењето на институционалните капацитети, регионалната и меѓународна соработка, како и дефинирање и конкретизирање на приоритетните обврски на државните институции, мобилизирање на јавноста, невладиниот сектор, експертската и стручната јавност во градењето на системот за заштита и зголемување на неговата оперативност, ефикасност и ефективност.

Дополнително, од страна на Националниот координатор беше нагласено дека во рамки на нашата комуникација и соработка со Канцеларијата на Организацијата на Обединетите Нации за намалување на ризици од катастрофи, а во насока на исполнување на целта Е на Рамката за акција од Сендаи која вклучува развој на локални стратегии за намалување на ризици од катастрофи, на располагање ни се голем број алатки и иницијативи, како и обуки, за поддршка на процесот, како вклучување во кампањата за отпорност на создавање градови, проценка на отпорноста на локално ниво, користејќи го резултатот за отпорност на катастрофи за градовите и информации и упатства за развој на локални стратегии.

Покрај Националниот координатор Зоран Петров, на конференцијата се обрати г-дин Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија; Н.Е. Рејчел Галовеј, Амбасадорка на Обединетото Кралство во Северна Македонија; Стојанче Ангелов, Директор на Центарот за управување со кризи; Беким Максути, Директор на Дирекција за заштита и спасување; Душица Перишиќ, Извршна директорка на ЗЕЛС и градоначалниците на општините со кои е остварена соработка на проектот.


АКТУЕЛНОСТИ: