Соопштение

12.03.2021 година

Почитувани,

Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, согласно заклучоците усвоени на 50-та седница на Владата на Република Македонија започна со процес на изработка на Акциски план за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи.

Во наредниот период, релевантните државни институции, единици на локалната самоуправа и јавни претпријатија во делокругот на нивните овластувања и надлежности и во согласност со нивните програмски планови иприоритети ќе пристапат кон подготовка на активности и подактивности со детално утврдена временската рамка за реализација, проценката на трошоците, изворите на финансирање, како и индикаторите за успех.

Активностите ќе бидат во согланост со последното издание на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија и Седнаи рамката за акција за временски период од јануари 2022 до декември 2024 година.

Предложените активности ќе бидат финансирани со постојниот буџет на институциите и други извори на финансирање обезбедени од меѓународни организации.

АКТУЕЛНОСТИ: