Владата на РСМ ја усвои Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи

 

Владата на Република Северна Македонија на сто педесет и втората седница одржана на 03.09.2019 година, ја усвои Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи.

Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи е документ кој на системски начин ги потикнува и обврзува субјектите на системот за управување со кризи, заштита и спасување, да дејствуваат на многу поорганизиран и ефективен начин за рано предупредување, превенција, намалување и санирање на  последиците од можни катастрофи.

Република Северна Македонија и натаму е изложена на елементарни и друг вид на катастрофи, посебно како резултат на климатските промени, трусното подрачје, нерегулирани речни корита, ерозијата поради неконтролирано уништување на шумскиот фонд, изложеност на пожари, несоодветен третман на отпадот, недостатоците во градежништвото, неотпорноста на објекти на надворешни влијанија, заканите од тероризам, приливот на мигранти и сл.

Со оваа Платформа Владата ги поставува и развива системите и стандардите за спречување и намалување на последиците од катастрофи, користејќи ги научните и стручните капацитети, посебно обврските кои произлегуваат од бројните резолуции на ООН, меѓународните рамки, директивите на ЕУ поврзани со цивилната заштита, НАТО стандардите и компаративните искуства од другите држави и меѓународни организации и асоцијации.

Во Платформата приоритет се дава и на организираноста на системот за дејствување во услови на криза, институционалните капацитети, регионалната и меѓународна соработка, како и дефинирање и конкретизирање на приоритетните обврски на државните институции, мобилизирање на јавноста, невладиниот сектор, експертската и стручната јавност во градењето на системот за заштита и зголемување на неговата оперативност, ефикасност и ефективност.

Преку Националната платформа се иницираат и потикнуват сериозни реформи на системот, се со цел да се зголеми отпорноста на општеството на катастрофи, при што се користат споредбени искуства и научните согледувања, експертска помош од Европската Унија, како и приоритети од Сендаи рамката за акција и други меѓународни документи.

Национална платформа за намалување на ризици од катастрофи можете да ја превземете тука

Заклучоци

АКТУЕЛНОСТИ: