Почетна

Учество на Националниот координатор на конференција на тема “Подобрен капацитет за превенција на несреќи и управување со кризи на локално ниво"

26.03.2021 година

Почитувани,

Националниот координатор за имплементација на знационалната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Петров на 25.03.2021 година (четврток) учествуваше на конференцијата организирана од страна на. Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) на тема „Подобрен капацитет за превенција на несреќи и управување со кризи на локално ниво“. Конференцијата е посветена на локалните капацитети за управување со кризи во Република Северна Македонија.

Целта на оваа конференција е поттикнување на дискусија за системот за управување со кризи, можностите за соработка и меѓусебна поддршка на органите на национално и локално ниво, како и претставување на процесот на изработка на локални стратешки планови за намалување на ризиците од несреќи и катастрофи на осум избрани единици на локалната самоуправа.

Соопштение

12.03.2021 година

Почитувани,

Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, согласно заклучоците усвоени на 50-та седница на Владата на Република Македонија започна со процес на изработка на Акциски план за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи.

Во наредниот период, релевантните државни институции, единици на локалната самоуправа и јавни претпријатија во делокругот на нивните овластувања и надлежности и во согласност со нивните програмски планови иприоритети ќе пристапат кон подготовка на активности и подактивности со детално утврдена временската рамка за реализација, проценката на трошоците, изворите на финансирање, како и индикаторите за успех.

Зоран Петров именуван за Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи

Владата на Република Северна Македонија, на 23-та седница одржана на 20 Ноември 2020 г. го именуваше Зоран Петров за Национален координатор за имплементација на  Националната  платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи.

 

Роден е на 05.11.1962 г. во Скопје. Завршил Филолошки факултет при УКИМ, на катедрата за Општа и компаративна книжевност во 1987 година. Зборува англиски, српски и бугарски.

Зоран Петров бил заменик министер за надворешни работи (од 2006 г. до 2014 г.). Покрај своите обврски определени со Законот за надворешни работи и Законот за Влада на РМ, ги извршувал следните функции назначени од Владата:

Владата на РСМ ја усвои Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи

 

Владата на Република Северна Македонија на сто педесет и втората седница одржана на 03.09.2019 година, ја усвои Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи.

Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи е документ кој на системски начин ги потикнува и обврзува субјектите на системот за управување со кризи, заштита и спасување, да дејствуваат на многу поорганизиран и ефективен начин за рано предупредување, превенција, намалување и санирање на  последиците од можни катастрофи.

Република Северна Македонија и натаму е изложена на елементарни и друг вид на катастрофи, посебно како резултат на климатските промени, трусното подрачје, нерегулирани речни корита, ерозијата поради неконтролирано уништување на шумскиот фонд, изложеност на пожари, несоодветен третман на отпадот, недостатоците во градежништвото, неотпорноста на објекти на надворешни влијанија, заканите од тероризам, приливот на мигранти и сл.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна