Учество на 7-та Глобална платформа за намалување на ризици од катастрофи

Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Петров, од 23-28 мај учествува на 7-та Глобална платформа за намалување на ризици од катастрофи.

Учество на Глобалната консултација за принципите за отпорна инфраструктура

На ден 29.03.2022 година (вторник) од 15:30- 19:30 часот се одржа Глобална консултација за принципите за отпорна инфраструктура во организација на Канцеларијата на ОН за намалување на ризици од катастрофи преку интернет апликацијата ZOOM.

Поздравно обраќање на состанокот имаше Хамад Отман Ел Деими, генерален директор за цивилна одбрана, Министерство за внатрешни работи - Влада на Катар, а обраќања имаа и Рикардо Мена, директор и UNDRR Октавијан Бивол, шеф на регионалната канцеларија за Европа и Централна Азија.

Учество на Националната конференција за „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“

На 28.09.2021 година (вторник), Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување за ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Петров се обрати на Националната конференција за „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“, во организација на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

Состанок на Националниот координатор Зоран Петров со директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов

19.04.2021 година

На ден 19.04.2021 година (понеделник), во Центарот за управување со кризи, Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Петров и Елена Зарковска, соработник за нормативни прашања во Генералниот секретаријат одржаа координативен состанок со г-дин Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита придружуван од своите соработници Гавро Марковски, Стевко Стефановски и Драги Тарчуговски.

На состанокот се дискутираше за тековните активности на Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија во однос на обврските кои произлегуваат од Канцеларијата на ООН за намалување на ризици од катастрофи за пополнување на податоци во електронската база на Сендаи рамката за мониторинг, како и за подготовката на Акцискиот план за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија.

Pages

Subscribe to Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи RSS